Дефанзивниот фудбалер на Рома, Александар Коларов, изјави дека неговиот тим треба да биде оптимистички расположен пред утрешниот реванш меч со Барселона во 1 /4 финалето на Лигата на шампионите.
„Римската волчица“ во првиот меч во Шпанија загуби со 4 спрема 1 а веднаш потоа челниците на тимот реагираа дека судиите направиле неколку грешки и дека директно влијаеле на конечниот резултат. Според нив, на Италијанците не им биле досудени два пенала а Барселона ги добила речиси сите спорни моменти во нејзина корист.
„Мораме да се надеваме и да бидеме оптимисти. Мора да одиграме добар фудбал и да докажеме дека навистина заслужуваме место во Лигата на шампионите”, рече Александар Коларов.