Двоецот на Арсенал, Сеад Колашинац и Месут Озил, се вратија на тренинг за прв пат по нападот од страна на една банда.
Двајцата имаа тренинг сесија со лондонскиот тим и дефинитивно покажаа добро расположение. Потсетуваме дека тие неодамна беа нападнати од бандити кој носеле нож, а потоа добија голем број смртни закани, како резултат на тоа не играа против Њукасл во првото коло од безбедносни причини. Од клубот им беше доделено постојано обезбедување.
Иако двајцата во моментов тренираат со екипата, сè уште е јасно кога ќе играат за својата екипа. За Озил е јасно дека тој не бил надвор од својот дом во последните пет дена, бидејќи се плаши за својот живот.
„Ние сакаме да им помогнеме во оваа тешка ситуација и исто така да ги подготвиме што поскоро да се вратат на теренот“, рече Унаи Емери за весникот „Сан“.