Бразилскиот играч од средниот ред Филипе Кутињо беше изненаден со посебен подарок за неговиот роденден кој го слави денес.
Играчот од средниот ред на Барселона беше нападнат од неговите соиграчи со јајца и брашно за време на нивниот тренинг во базата во Сочи. Нејмар и Габриел Жесус беа главните иницијатори за изненадувањето, го нападнаа Филип Кутињо и го преплавија со јајца и брашно.
Во кампот на репрезентацијата на Бразил постои ваква традиција да го напаѓаат славеникот на роденден додека се на подготовки. Кутињо денес полни 26 години, а како убав подарок очекува победа на првата средба која ја играат во недела против Швајцарија.