Американската тенисерка Дениел Колинс е новата освојувачка на турниот ВТА 500 во Чарлстон (САД). Во финалето ветеранката убедливо ја победи четвртата носителка Дарија Касаткина (Русија) со 6:2, 6:1 за час и 19 минути игра.
Американката тотално доминираше во двата сета и ја освои својата втора титула по ред по успехот во Мајами минатиот месец. Последната тенисерка која ги освои Мајами и Чарлстон беше Серена Вилијамс во 2013 година.
Колинс (30), кој планира да се пензионира на крајот на сезоната не знае за пораз на 13 последователни натпревари. Ова е нејзината најдолга серија на ВТА турнејата.
Касаткина го загуби десеттото финале и петтото по ред.