Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Колку рекорди може да сруши Манчестер Сити до крајот на сезоната ?
    Фудбал

    Колку рекорди може да сруши Манчестер Сити до крајот на сезоната ?

    risteBy riste02/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Одличните настапи на Манчестер Сити оваа сезона даваат сериозни предуслови за тимот на Пеп Гвардиола да биде ставен на листата на тимови испишани со златни букви во историјата на Премиер Лигата.

    Веќе сите знаат дека ако „граѓаните” го совладаат Манчестер Јунајтед во дербито на „Етихад” во сабота, тие ќе станат тимот кој најрано си обезбедил титула во Премиер лигата. Евентуално тоа може да се случи на 7 април, што ќе биде со една недела порано од досегашниот рекорд на Манчестер Јунајтед, кој во сезоната 2000/01 ја обезбеди титулата на 14 април.

    Кои се другите рекорди што може да ги подобрат Манчестер Сити до крајот на сезоната?

    Во моментов тимот има 84 поени, па сосема е можно во преостанатите седум натпревари да го подобри постигнувањето на Челзи од 2004/05 за најмногу освоени поени во сезоната – 95. „Граѓаните” можат да подобрат уште неколку рекордот на лондончани – за најмногу победи во сезоната (30), за најмногу постигнати голови (103), за најголема гол разлика (71), за најмногу победи како домаќин (18) и најмногу победи како гостин (15).

    Манчестер Сити може да ги подобри достигнувањата на својот градски ривал Манчестер Јунајтед и најголемата разлика со второпласираниот на крајот од сезоната. Во моментов тоа е 16 поени, додека во сезоната 1999/2000 „црвените ѓаволи” завршувија со 18 поени пред Арсенал. Постои можност Сити да ги подобри достигнувањата на Ливерпул во 2013/14 година за најмногу постигнати голови на гостувањата во лигата – 48.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.