Првиот трансфер за пристигнување на играч во Серија „А“ во новата 2019 година беше дело на Фиорентина.
Клубот од Фиренца го привлече колумбискиот напаѓач од Севиља Луис Муриел. Фудбалерот ќе игра како позајмен играч на „Артемио Франки“ до крајот на сезоната и ќе ги помине медицинските тестови во среда, по што ќе го потпише договорот.
Договорот помеѓу Фиорентина и Севиља содржи клаузула за откуп од 13 милиони евра, која раководството на Фиорентина ќе може да ја искористи во текот на летото.

