Фудбалерот, Хуан Квадрадо, кој дејствува по страничните позиции во селекцијата на Колумбија, беше еден од најдобрите на теренот на вчерашниот меч со Полска.
Тој го постигна последниот гол за убедлива победа на неговата репрезентација од 3 спрема 0. Квадрадо веднаш по мечот, потенцирал, дека е задоволен од резултатот и дека неговата селекција покажала атрактивен фудбал.
„Му благодарам на Господ бидејќи беше со нас во тешкиов период кој го поминуваме. Ние го покажавме нашето најдобро издание во нападот. Остваривме голема победа за нас и за сите Колумбијци. Секој фудбалер сака да се израдува на победа на СП” – рече Квадрадо.