Аргентинскиот играч за врска Лукас Зеларајан постигна два гола, а Колумбос го освои својот втор шампионски трофеј во Американската фудбалската лига (МЛС) по победата од 3:0 против Сиетл.
Колумбос поведе во 25-та минута кога голманот на гостите Стефан Фрај не успеа да го одбрани волеј ударот на Зеларајан. Аргентинецот асистираше на голот на Дерик Етиен за 2:0 во 31-та минута, по што на крајот во 82-та минута постигна уште еден гол за конечни 3:0.
Колумбос е седмиот тим во историјата што освоил два или повеќе МЛС-трофеја. Тие исто така го освоија шампионскиот трофеј во 2008 година, додека Сиетл остануваат со трофеите од 2016 и 2019 година.

