Францускиот фудбалер, Кингсли Коман, има освоено дури 10 национални титули со три различни клуба во девет сезони.
Тој продолжи да ја полни неговата ризница откако Баерн Минхен во текот на викендот ја обезбеди деветтата последователна титула во Бундес-лигата. Коман со само 16 години, 8 месеци и 4 дена, станал најмладиот играч во историјата на клубот кој дебитирал во Лига 1 легувајќи на местото на Марко Верати во 87-мата минута на мечот со Сошо одигран на 17 февруари во 2013 година.
Црномурестиот репрезентативец на Франција ги освои клупските титули грајќи за ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.

