Крилниот напаѓач на Баерн (Минхен) Кингсли Коман и понатаму одбива да потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на Французинот истекува за 18 месеци и првите луѓе на „Алијанц Арена“ сакаат да го врзат долгорочно, но сега за сега нема договор, пишува „Билд“.
Двете страни имаат сериозни несогласувања околу платата што ќе ја добие Коман доколку повторно потпише. 25-годишниот сака двојно да се зголеми, но Баерн Минхен не сака да му понуди толку пари бидејќи тоа би ја нарушило финансиската структура на клубот. Така, иднината на Коман на „Алијанц Арена“ останува неизвесна и нема да биде изненадување доколку се продаде сега или на лето.
За Коман интерес има од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ. Во исто време, Баерн веќе бара потенцијална замена за Коман. Се зборува дека клубот го свртел вниманието кон Осман Дембеле, чиј договор со Барселона истекува на лето и може да биде ангажиран како слободен играч.

