Кингсли Коман и неговиот агент Пини Захави бараат од Баерн Минхен годишна плата од 12 милиони евра нето примања за Французинот да остане со продолжување на договорот.
Од Барерн Минхен нудат 13 милиони евра бруто плата и сметаат дека барањата на Захави и неговиот фудбалер се нереални.
Во исто време , додека Кингсли Коман се најде на списокот на посакувани играчи кај неколку клубови како што се Манчестер Сити, Челзи и Ливерпул, од Баерн Минхен поставија цена од 90 милиони евра за 25 годишниот фуфбалер чиј договор истекува за две години, објави весникит „Билд“.