Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Компани: „До крајот на сезоната нема да видете експерименти од Манчестер Сити“
    Фудбал

    Компани: „До крајот на сезоната нема да видете експерименти од Манчестер Сити“

    risteBy riste14/04/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани предупреди дека до крајот на сезоната тимот ќе излегува на секој свој натпревар со најсилниот состав, додавајќи дека играчите не треба да мислат премногу за дуелите кои им претстојат.

    „Не очекувам дека до крајот на сезоната повторно ќе видиме експериментален Манчестер Сити. Тоа е – единствениот пораз кој можевме да си го дозволиме, да, тоа е факт. Сега најважно е секој пат да се подготвуваме добро, да сме смирени и да го правиме она што знаеме, за да се претставиме најдобро. Можеби е клише ако кажам така, но секој натпревар ќе биде како финале за нас. Но, тоа не значи дека треба да размислуваме премногу за натпреварите. Ќе ги разгледаме силните и слабите страни на противникот и најверојатно ќе направиме една стратегија врз овие фактори. Потоа ќе се увериме дека во на тој ден треба да бидеме како тим, а не како поединци,само така ќе се справиме и ќе играме добро. Тоа е клучот за победите и трофеите. Мислам дека ќе биде грешка ако размислуваме премногу за претстојниот натпревар со Кристал Палас. Ние сме добар тим и се подготвуваме на ниво. Но подготовките остануваат клучни за пристапот за овој натпревар“ изјави Компани.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Нандез ќе замине во друг тим

    29/11/2023

    „Виси“ столчето на Пиоли

    29/11/2023

    Барселона за првпат во осминафиналето на ЛШ по заминувањето на Меси

    29/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Нандез ќе замине во друг тим
    • „Виси“ столчето на Пиоли
    • Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување
    • Познати четвртфиналните двојки за НБА Купот
    • Барселона за првпат во осминафиналето на ЛШ по заминувањето на Меси
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.