Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Компани: Победивме, но не бевме перфектни
    Фудбал

    Компани: Победивме, но не бевме перфектни

    risteBy riste11/12/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Баерн Минхен го совлада Шахтјор Доњецк со 5:1 и ја постигна четвртата победа во Лигата на шампионите. И покрај сериозниот успех во Гелзенкирхен, тренерот на Баварците Винсент Компани е свесен дека неговиот тим има слабости кои треба да се испеглаат.

    „Откако ни поведоа, останавме мирни. Бевме подобри од противникот и пред паузата, иако тоа не беше нашата најсилна половина. Потоа почнавме да играме како што треба и создадовме многу шанси“, изјави Компани.

    „Мислам дека добро се браневме, но понекогаш тимовите како нас, кои постојано се обидуваат да доминираат, стануваат ранливи на контра нападите на противникот. Секако дека има простор за подобрување. Работиме на различни детали за да растеме како тим. Дури и да победевме со 5:0, сепак би рекол дека не бевме совршени“, истакна Белгиецот.

    „Да зборуваме за самиот натпревар. Томас Милер постигна гол благодарение на вештината што ја покажа во текот на неговата кариера – да се биде на вистинското место во вистинско време. Неговата енергија, страст и лидерски квалитети ни се многу важни. Тој има клучна улога не само на теренот туку и надвор од него. Сепак, сега не е време да се зборува за неговата иднина“, изјави тренерот на германскиот клуб.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.