Капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани беше пресреќен по успехот со 1:0 над Лестер во претпоследниот натпревар од Премиерлигата, а токму тој беше стрелец на победничкиот гол.
Со победата Манчестер Сити дојде до 95 поени и го надмина Ливерпул на врвот на табелата со еден вод на едно коло пред крајот.
„Работата воопшто не е во квантитетот на головите, туку е важно кога си ги постигнувал. Во ваков натпревар само јас можев да го совладам Каспер Шмајхел, кој направи неколку фантастични одбрани. Имавме правилен пристап во натпреварот, вршевме притисок, го притискавме противникот, но ни недостигаше завршница. Лестер се бореше добро, па ни требаше нешто друго. Мило ми е за тимот, се бориме до последната секунда. Секој натпревар во последните четири месеци беше важен. Сé уште не освоивме ништо, постои уште едно коло“, изјави Компани по натпреварот.