Дефанзивеците на репрезентацијата на Белгија, Винсент Компани и Томас Вермален го пропуштија тренингот на тимот вчера. Двајцата се уште не се опоравени од повредите и продолжуваат да се подготвуваат со индивидуална програма.
Компани има проблеми со препоните, додека Вермален се уште чувствува болки на тетивата во потколеницата. Првиот натпревар на Белгијците на Мундијалот е во понеделникот против Панама, а тренерот Роберто Мартинез се уште не знае дали ќе може да смета на некој од двајцата за овој меч.