Во Франкфурт денеска беа одредени сите 10 квалификациски групи за циклусот квалификации за Еуро 2024. Македонија немаше среќа и се најде во најтешката група заедно со селекциите на Италија, Англија, Украина и Малта.
Интересно ќе биде и во уште неколку други групи. Во групата Б се најдоа Холандија и Франција, а со нив и Р. Ирска, Грција и Гибралтар.
Групата „Г“ е наречена балканска, затоа што во неа ќе учествуваат Унгарија, Србија, Црна Гора и Бугарија, заедно со Литванија.
