Фудбалерот на Лајпциг, Ибрахим Конате, од наредната сезона најверојатно ќе го облече дресот на Ливерпул, најавија денеска медиумите во Англија.
Според наведеното, „црвените“ се подготвени да ја платат клаузулата од 35 милиони евра и да го ангажираат 21-годишниот Французин кој наводно, се согласил да потпише договор за пет сезони.
Тој ќе треба да му биде партнер во одбраната на Вирџил Ван Дајк кој полека закрепнува од повредата. Ќе потсетиме дека Арсенал, Тотенхем и Барселона исто така беа заинтересирани за црномурестиот фудбалер.

