Ибрахима Конате се опорави од повредата на тетивата и ќе му се стави на располагање на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп за утрешниот меч со Вулверхемптон во новото коло од Премиер лигата. Дефанзивецот на Ливерпул ги продолжи тренинзите во четвртокот.
Поради повредата, Конате ги пропушти последните два натпревари на Ливерпул, а исто така не беше повикан и во француската репрезентација. Капитенот на Ливерпул, Ван Дајк, ќе го пропушти и натпреварот против Волвс поради суспензијата која ја доби со исклучувањето на мечот со Њукасл. Засега се уште е неизвесно дали Трент Александер-Арнолд ќе биде подготвен до утре за настап во дресот на „црвените“.