По долги преговори, екипите на Барселона и Интер постигнаа договор за цената на играчот за врска Артуро Видал, пренесува „Скај Спорт Италија“.
Нероазурите ќе платат само 1 милион евра за играчот со бонуси. Денеска се очекува Видал да пристигне во Милано, а утре да ги мине лекарските прегледи и да потпише двегодишен договор со клубот.
Во меѓувреме, дефанзивецот Диего Годин ќе го напушти „Џузепе Меаца“ и следната недела и ќе му се приклучи на Каљари.

