Тренерот на Порто, Серхио Консеиао, изјави дека тренерот на Арсенал, Микел Артета ги навредувал членовите на неговото семејство за време на реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.
„Артета дојде на клупата за време на натпреварот и го навредуваше моето семејство на шпански. Му кажав дека тој што го навреди веќе не е жив. Нека се грижи за тренинзите на својот тим, бидејќи има доволно квалитети за да игра многу подобро“, изјавил Консеисао на социјалните мрежи, а тоа го пренесе новинарот Фабрицио Романо.
Да потсетиме, реваншот од 1/8 финалето од Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Порто заврши со победа на Арсенал по подоброизведување на пенали , откако во регуларниот дел беше идентично како на првата среда. Во изведувањето на пенали победи Арсенал со 4:2.