Португалскиот тренер Серхио Консеисао зборуваше за прв пат откако беше назначен за чело на Милан. Тој го замени сонародникот Пауло Фонсека, кој беше отпуштен по ремито 1:1 против Рома.
„Горд сум на моето именување во Милан. Морам да претставувам голем клуб ширум светот, морам да дадам се од себе. Немаме многу време, но мислам дека тоа не е изговор. Сакам фактите и резултатите да зборуваат за мене. Има многу работа пред нас“, рече Консеисао.
49-годишниот тренер ќе дебитира против Јувентус каде настапува неговиот син Франциско. Натпреварот е од полуфиналето на италијанскиот Суперкуп.

