Португалскиот шампион Порто го продолжи договорот на актуелниот тренер Сержо Консеисао. 43-годишниот португалски стратег потпиша нов договор до 2020 година.
Според официјалната веб-страницата на Порто, договорот е потпишан без никакви проблеми и двете страни брзо се договориле за продолжување на соработката.
Консеисао дојде на кормилото на португалскиот фудбалски гигант минатиот јуни. Под негово водство, Порто ја освои шампионската титула во Португалија по подолга пауза.