Тренерот на фудбалерите на Порто, Серџо Консеисао, во текот на летото може да седне на кормилото на Интер и да го наследи Симоне Инзаги.
„Газета дело Спорт“ објави дека некогашниот фудбалер на „нероаѕурите“ сака да се врати на „Чизмата“ сега во улога на тренер. Консеисао со екипата од „Драгао“ има договор до летотот во 2024 година.
Интер во сезонава води грчевита битка да влезе во Топ 4 во Серија „А“ и да обезбеди мето во Лигата на шампионите.