Тренерот на Порто Серџо Консисао беше пресреќен по успехот на неговиот тим и победата од 3:1 над Рома, а со тоа и пласман во ¼ финалето од Лигата на Шампионите.
Тој ги преплави со пофалби своите играчи и изјави дека нивната презентација била фантастична.
„Фантастични перформанси од мојот тим. Го поздравувам секој од играчите за тоа како добро се подготвија, мислам во однос на тактиката и стратегијата со сите можни промени во шемата на игра. Сакав да создаваме шанси и да победиме, но најважно беше дека вечерва знаевме што треба да правиме, кога топката не е во наш посед”, изјави Консисао, кој ја напушти брзо пресконференцијата, отако се зивини и го оправда неговото заминување со личен проблем.