Тренерот на Интер, Антонио Конте отворено зборуваше дека може да биде отпуштен од раководството на неговиот клуб до крајот на годината.
Причината за неговите зборови беше поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, што го доведе Интер во тешка ситуација во нивната група. Екипата од Милано е пред елиминација откако на четири натпревари има само 2 бода во групата Б и е последен во друштво на Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах и Шахтјор Доњецк.
„Ни претстои многу работа. Ако не сум на чело на Интер на Божиќ, тогаш не ја заслужувам оваа работа. Глупаво е прашањето да ме прашате дали играчите ме бојкотираат”, рече Конте за „Фудбал Италија“.
Неодамна, тренерот ги критикуваше играчите дека често пропуштаат голем дел од натпреварот и се приклучуваат предоцна. Самиот Конте признава дека тимот изгледа полошо од минатата сезона.

