Менаџерот на Челзи, Антонио Конте стана изненадувачки фаворит да го преземе Реал (М), откако тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри одби да се пресели во Шпанија на клупата на европскиот шампион.
Според информација на англиските весници, Конте сигурно заминува од Лондон, а „кралевите“ веќе почнале разговори со неговиот агент. Откако стана јасно дека и Клоп и Почетино нема да ја прифатат понудата на Перез за преселба на „Бернабеу“, за мадридските бели веројатно Конте е најреалната опција.