Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, му посочил на голгетерот, Мауро Икарди да си побара нов клуб бидејќи не го планира за натпреварите во наредната сезона.
Денеска италијанските весници објавија дека има шанса да се направи трампа со Арсенал и да се разменат Икарди и Пјер Емерик Обамјенаг, но, тоа останува само во доменот на шпекулации.
Во исто време, извори блиски до фудбалерот кој на некој начин тера инает и не сака да ги напушти „нероаѕурите“, велат дека за неговите услуги може да конкурира шампионот Јувентус заедно со екипата на Наполи.