Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, изјави дека се соочува со проблеми пред денешниот меч со Брентфорд во рамките на Премиер-лигата.
Бидејќи дури 12 играчи на „спарси“ неодамна се вратија од Мундијалот во Катар, Италијанецот ќе има проблеми да истрча со најдобрите 11-ет.
„Воопшто не сум среќен што играме толку брзо или само седум денови по Светското првенство. Невозможно е да им се даде на играчите заслуженото време за одмор“ – потенцираше Конте.