Фудбалерите на Интер денеска ќе гостуваат во Мадрид во меч од третото коло во Лигата на шампионите. На задолжителната прес-конференција, тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, беше запрашан дали сака во иднина да седи на клупата на „кралевите“.
„Сега сум тренер на Интер и фокусиран сум на клубот. Во минатото имав прилика да седнам на клупата на Реал Мадрид, но, сега не е време да зборуваме за тоа“ – изјави Конте.
Шпанците и Италијанците денеска ќе атакуваат на првата победа во новата сезона во елитата на Европа. Во воведните две кола, Реал одигра нерешено и загуби додека Интер ремизираше на двата меча.

