Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте го кажа и своето мислење за иднината на напаѓачот Хари Кејн.
„Секако дека би сакал Хари да остане во Тотенхем. Би било многу важно да се заврши добро сезоната. Тој е играчот кој секој менаџер сака да го има во својот тим. Хари и јас имаме одлична врска. Тој е врвен играч“, вели Конте.
Кејн е главна ѕвезда на Тотенхем и ќе биде исклучително тешко за навивачите доколку тој го напушти тимот ова лето. На 28 настапи во Премиер лигата сезонава, зад името на Кејн веќе има 12 гола и имаше пет асистенции.