Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, не крие дека е задоволен по вчерашната победа против Емполи со која неговиот тим останува во трката за Скудетото.
„Игравме против добар состав кој е крајно опасен со долгите додавања. Изненадувачки е што се наоѓа во битката за опстанок“ – вели Конте.
„Имавме многу шанси и посед на топка. Физички бевме доминантни во второто полувреме. Тоа треба да не радува“ – рече Конте.

