Тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека тој е главен виновник за лошиот резултат против Славија Прага на стартот од Лигата на шампионите.
Дуелот во Милано заврши 1:1 бидејќи, а Интер се спаси од пораз во дополнителното време.
„Славија играше европски, агресивно и интензивно и ние не најдовме решение. На другите наши досегашни средби се сретнавме со ривали кои се бранеа, а Славија нè напаѓаше. Беше тешко и јас бев незадоволен. Јас ја преземам одговорноста за резултатот, бидејќи не го видов ефектот на моите одлуки, а причината е што не им објаснив на играчите каква е природата на натпреварот и што сакав на оваа средба. Тоа не беше фудбалот што го сакам. Треба да работиме повеќе. Одбивам да ги коментирам постапките на одделните играчи бидејќи сите денес, вклучително и јас, бевме на ниско ниво“, изјави Конте.