Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, пред денешниот меч со Наполи во Серија „А“, вели дека неговиот колега на клупата на противникот, Џенаро Гатузо, не бил максимално почитуван додека го водеше тимот на Милан.
„Во него ја гледам истата страст кон фудбалот . Мислам дека неговите достигнувања во Милано се потценети, затоа му посакувам се најдобро во Наполи“ – вели Конте.
„Не очекува тежок меч. Евентуална победа ќе ни даде уште поголема самодоверба во трката за титулата. Сакаме да ги радуваме нашите фанови“ – вели тренерот на Интер.

