Новиот тренер на Интер, Антонио Конте, наскоро ќе има еден од играчите што најмногу ги посакуваше.
Според информациите кои беа објавени денес од медиумите Интер и Херта (Берлин) се договориле за австрискиот репрезентативец Валентино Лазаро. Тој може да игра и десното крило, што го прави многу погоден за омилениот систем на Конте со формација 3-5-2.
Лазаро ги договорил своите лични услови со Интер пред неколку недели, но преговорите меѓу клубовите беа тешки. Најновите информации, сепак велат дека Интер се согласил да плати помеѓу 18 и 20 милиони евра за 23-годишниот поранешен фудбалер на Ред Бул Салцбург. Исто така, ќе има посебна клаузула во договорот што гарантира дополнителен бонус од околу 2-3 милиони евра за Херта ако Лазаро има добри настапи и резултати со тимот на Интер.
Од друга страна најверојатно дека Интер ќе се раздели со ветеранот Борха Валеро. Шпанецот е пред враќањето во Фиорентина, каде што помина пет сезони пред да дојде во Интер во 2017 година за 6,5 милиони евра.