Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, вели дека неговиот состав нема посебни очекувања од настапите во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ денеска ја отвораат сезоната со мечот на домашен терен против Славија Прага во рамките на групата „Ф“.
„Сакаме да ги израдуваме нашите навивачи и да играме атрактивен фудбал.Тешко е да се постават цели, ќе видиме како ќе се развиваат работите“ – вели Конте.
„Значајно е да дадете 110 проценти и да не жалите за ништо. Знам колку е тешко да се освои ЛШ и колку е тешко да се загуби во финалето. Има толку многу фактори што треба да се земат в предвид. Кога ќе се соочиме со најсилните тимови, ќе откриеме каде се наоѓаме “ – вели Конте.