Новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте, има намера да изгради целосно нов среден ред. Тој планира во наредните два преодни рока да се раздели со повеќе фудбалери и да привлече нови на нивните места, пишува денеска – „Кориере дело спорт“.
Првите две големи цели на Конте се Франк Кеси од Милан и Николо Барела од Интер. Се верува дека покрај засилување во средниот ред, Конте сака да ја зголеми конкуренцијата и во нападот.
За таа цел ќе се обиде да го привлече Душан Влаховиќ од Фиорентина.

