Фудбалерите на Интер денеска со победа против Барселона ќе се изборат за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите без разлика што ќе направи Борусија Дормунд на средбата со Славија Прага.
„Тие ја започнаа сезоната со цел да го освојат натпреварувањето. Со оглед на тоа што го обезбедија првото место, ќе можат да играат без притисок што може да биде проблематично за нас“ – вели тренерот на италијанскиот состав, Антонио Конте.
Познато е дека Каталонците отпатуваа за Милано без Меси, Пике, Роберто и неколку повредени играчи. Тоа на некој начин треба да му ја

