Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, кој пред седум месеци седна на клупата на „Спарси“, вели дека не е стопена разликата со Сити, Ливерпул и Челзи која е создавана со години
. „ Бевме добри на подготовките. Среќен сум што можевме да работиме како што требаше да направиме во ноември. Тогаш беше многу тешко, морав да ги наметнам моите идеи“ – вели Конте.
„За нас Кејн и Сон се многу значајни играчи. Среќни сме што ја задржавме основата на екипата“ – вели италијанскиот тренер.