Италијанските медиуми започнаа со шпекулации околу иднината на тренерот на фудбалерите на Јуве, Макс Алегри, откако екипата од Торино го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампионите.
Според одредени медиуми, стратегот нема да добие отказ до крајот на сезоната но, челниците на тимот планираат за наредната да го вратат Антонио Конте, кој сега седи на клупата на Тотенхем.
Конте кој беше дел од Јувентус од 2011 до 2014 година, засега не сака да потпише нов договор со „Спарси“.