Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, вчера се соочи со неговиот претходен тим Јувентус во дерби мечот на седмото коло во Серија „А“. Гостите од Торино победија со минимални 2:1 а искусниот стратег на „нераѕурите“ иако го призна поразот не ја пропушти шансата да ги пофали неговите фудбалери.
„Мечот беше главно изедначен, но, не смееме да се лажеме дека сме на истото ниво со Јуве. Ќе треба да поминеме многу пат за да ги стигнеме“ – вели Конте кој претходно цели 13 години беше активен во тимот на Јуве.
„ Ќе треба да ја подобриме пас-играта како и реализацијата. Мислам дека навистина имавме добар процент на упатени удари кон противничкиот гол и тоа ме радува“ – нагласи тренерот на Интер.