Италијанскиот фудбалски тренер на клупата на Челзи, Антонио Конте, проценил дека Жозе Мурињо имал подобри услови и поголема помош од челниците на „сините“ и дека затоа му било полесно да работи во клубот.
Четата на Конте не успеа да ја одбрани титулата од претходната сезона во Премиер лигата и мораше да му ја препушти на Манчестер Сити. Згора на тоа, лондончани најверојатно ќе останат и без пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.
„Мурињо имаше 72 победи пред многу години. Сега е многу потешко да се постигнуваат такви резултати со Челзи. Постојат други работи кои мораат да се земат в предвид“ – изјави Конте пред утрешниот меч со Саутемптон во 1/ 2 финалето во ФА купот на Англија.