Интер утре го очекува дерби мечот со Наполи а тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, вели дека тоа ќе биде само еден од повеќето кои ќе решаваат околу Скудетото во фудбалска Италија.
„Многу тимови ќе се обидат да ја освојат титулата, сепак, на крајот само еден ќе успее. Во последните девет години, Наполи беше најголемиот ривал на Јувентус, сега ние го зазедовме нивното место„ – вели Конте.
„Треба да најдеме рамнотежа и да ги заборавиме другите. Нашиот ефект на теренот е значаен. Не сакам да размислувам дека треба да ја освојам Серија „А“ – потенцираше Конте на средбата со новинарите.

