Антонио Конте ја демантираше изјавата на неговиот сонародник Џанлука Виали дека со нетрпение чека да си замине од Челзи.
Пред неколку дена Виали рече дека би бил изненаден доколку неговиот сонародник остане на функцијата во Челзи и следната сезона.
„Џанлука ми е пријател, но не сум зборувал со него една година. Не е точно дека сакам да го напуштам Челзи. Слушам постојано шпекулации за мојата иднина. Работам напорно за клубот и тоа е единственото нешто што е вистина. Останатото се измислици“, изјавил Конте на вчерашната прес-конференција.