Фудбалерите на Тотенхем вчера загубија изненадувачки кај аутсјадерот Барнли во Премиер лигата а нивниот тренер, Антонио Конте, најави дека ќе побара средба со челниците на тимот.
„Ќе мора да разговарам со раководството. Тренерите се менуваат, фудбалерите се исти и на крај – резултатите не се менуваат“ – вели Конте.
Популарните „спарси“ во последните пет средби претрпеа дури четири порази.