Италијанскиот фудбалски стратег, Антонио Конте, денеска ги демантира шпекулациите дека ќе го напушти кормилото на Тотенхем и дека ќе замина во францускиот ПСЖ. Тој има договор со „спарси“ за уште една сезона.
„Не ми се допаѓа кога луѓето се обидуваат да измислуваат вести само за да разговараат и да создаваат проблеми. Тоа не е фер“ – вели Конте.
„Лажните вести ме нервираат. Сега сум фокусиран само на последните пет кола“ – вели тренерот на Тотенхем.