Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, изјави дека не размислува за својата иднина, туку се концентрира на последните натпревари од сезоната во Премиер Лигата.
„Моја работа е да ги добијам бодовите со овие играчи и да го искористам најдоброто од сезоната. Како ќе биде до крајот ќе видиме, тоа е тренерската работа“, изјавил Италијанецот.
„Ние сакаме да го подобриме нашето место во лигата, тоа ќе биде многу тешко, а ние тоа го знаеме. Но мораме да се потрудиме и да освојуваме бодови“, додаде Конте.