Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, не крие дека е задоволен со победата против Витезе во Лигата на Европа. Неговиот тим имаше предност од 3:0, но, холанѓаните дојдоа до гол негатива која сепак не успеаа да ја анулираат.
„Не сакам такви луди мечеви, Водевме со 3-0 а тие успеаја да дадат два гола кои можевме да ги избегнеме“ – вели Конте.
„Имам многу простор за напредок. Не е лесно бидејќи за два дена треба да се подготвиме за Евертон“ – потенцираше новиот тренер на „спарси“.

