Фудбалерите на Тотенхем вчера го совладаа Манчестер Сити на негов терен со 3:2 во дербито на Премиер лигата а нивниот тренер, Антонио Конте, не штедеше пофални зборови за неговите избраници.
„Искрено, оваа група играчи е меѓу најдобрите со кои сум работел во мојата кариера. Тимот е претежно составен од млади играчи кои треба да напредуваат и да создадат искуство“ – изјави италијанскиот тренер.
Спарси со новите бодови остануваат во трката за излез во Европа за наредната сезона.