Тренерот на Интер, Антонио Конте се помири со елиминацијата на својот тим во полуфиналето од Купот на Италија против Јувентус. Реваншот меѓу двата тима во Торино заврши 0:0, но „бјанконерите“ го добија првиот натпревар со 2:1 и тоа се покажа како решавачко. Токму тоа го рече Антони Конте по мечот.
„Мислам дека моравме да ги материјализираме нашите шанси. Штета што испаднавме затоа што за 180 минути видовме два тима како се борат до крај. Ние плативме за поразот на првиот натпревар, за некои подароци што му ги дадовме на противникот. Сакавме да постигнеме гол затоа што можеше да го смени текот на натпреварот. Денес дадовме се од себе, игравме со желба и одлучност. Кога ќе направите грешки, мора да научите од нив, а потоа да застанете и да продолжите понатаму“, рече Конте по натпреварот со Јувентус.