Тренерот на Челзи, Антонио Конте, јасно им ставил до знаење на првите луѓе на клубот дека сам нема да ја напушти тренерската функција. И покрај бројните шпекулации дека Италијанецот на крајот на сезоната ќе си замине од Лондонт, тој потенцирал дека нема намера да си оди и планира да работи на „Стемфорд Бриџ“ и следната сезона.
Ова значи дека со можното отпуштање на Конте, лондончани ќе бидат принудени да платат мултимилионски надомест за предвремено раскинување на договорот.
Конте засега нема понуди од други клубови и би сакал да продолжи да биде тренер на лондончани и следната сезона. Во Челзи, пак, имаат сосема други планови.